Клоп: Не ми е јасно како можеше да не победиме!

76

Јирген Клоп со Ливерпул не успеа да дојде до целиот плен против Арсенал. Губеше со 2-0, израмни на 2-2, а Салах промаши пенал на 1-2.

Клоп не го криеше разочарувањето што неговиот тим не успеа да триумфира.

“Нашата реакција по двата примени гола беше одлична. Мечот беше вистински спектакл, но уште не ми е јасно како можеше да не победиме по оние две шанси на крајот. Искрено, не знам дали да сум среќен што се вративме и покажавме карактер, или тажен што не победивме. Арсенал е одличен тим, но денеска ќе се вратат дома среќни што не претрпеа пораз“, изјави Клоп.

ПретходноКарате репрезентација со 135 медали на Балканскиот шампионат!
СледноКалин со најдобар ранкинг во кариерата