МЗТ Скопје остана во игра за опстанок во АБА-лига, Црвена Звезда го совлада Борац во Чачак, па кој ќе оди директно во второто по квалитет јадранско друштво ќе биде познато во последното коло. Актуелниот македонски првак мора да ја победи Цибона пред своите навивачи, а додека Борац да загуби од Будуќност.
Тренерот на тимот од Чачак, Дејан Мијатовиќ не може да ја прифати оваа ситуација, па обвини за нерегуларности во последните натпревари во кои МЗТ Скопје забележа две победи.„Се насочуваме на натпреварот во Подгорица, ни остануваат уште 40 минути. Не знам што би рекол за овие случувања во последните 3-4 кола. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина кога ќе помине ова. Им честитам на моите момци на се што пружија бидејќи психолошки беше многу тешко да го одиграат денешниот натпревар по се што се случуваше. Ете, толку“, изјави Мијатовиќ.
МЗТ Скопје игра во петок со почеток од 18 часот, додека ден подоцна Будуќност и Борац ќе ги одмерат силите.