Се чини нема дилеми дека Лео Меси ги игра последните натпревари во дресот на ПСЖ. И се чини дека Лео се враќа дома, не во Росарио туку во Барселона.
Тој не ја прифати “монструзоната“ понуда oд С. Арабија вредна 400 милиони евра по сезона, туку чека само еден телефонски повик.
Се е во рацете на еден човек, а тоа е претседателот на Барселона, Хоан Лапорта. Тој само треба да го повика Лео на мобилен и веќе ќе стане јасно каде Аргентинецот ќе ја продолжи својата кариера.
Секако во тимот од “Камп Ноу“, токму затоа и ги прекинал преговорите со ПСЖ за евентуално продолжување на договорот со тимот од Париз.