МЗТ Скопје со убедлив триумф над Феникс 2010!

95

Во последниот меч од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига, попладнево во салата “Јане Сандански“, МЗТ Скопје како гостин го победи составот на Феникс 2010 со 82:64.

Ова беше 19-тата победа на шампионот, со што и натаму е прв на табелата, а најважно е тоа што “металците“ победија, но не се “потрошија“ премногу, ако се знае дека кон крајот на оваа недела ги чека судбински меч во АБА лигата кога станува збор за опстанокот во регионалното натпреварување.

Ова беше повеќе рутински триумф на МЗТ Скопје, а Феникс 2010 го даде својот максимум, посакуваше домашниот состав изненадување, но до тоа не дојде благодарение на квалитетот и ростерот на “металците“.

Првата четвтртина беше добиена со 22:20, но затоа во втората “металците“ беа поубедливи и ја добија со 20:12, додека третата минимално со 20:19, па така со 11 поени предност “влегоа“ во последниот период од овој меч, а тој беше добиен со 20:13.

Кај победнчкиот тим Крстевски и Кук забележаа по 15 поени, додека кај поразениот состав Јаневски со 19 поени беше најефикасен на натпреварот.

ПретходноФанови и играчи на Беса Челопек сакале да ги тепаат судиите и делегатот!
СледноКикс кој може Арсенал да го чини титула: Солзите на Зинченко!