Милко Ѓуровски: Модриќ е за три класи полош од Пижон!

4231

И дефинитивно Лука Модриќ, “моторот“ на Реал Мадрид со кој освои неколку пехари во ЛШ, и “мозокот“ на селекцијата на Хрватска, со која беше трет и четврти на последните два Мундијали, не е по вкусот на нашите фудбалски легенди Дарко Панчев и Милко Ѓуровски.

Прво пред неколку години Панчев изјави дека Модриќ не најдобар во историјата на Хрватска а камо ли на овие простори, додека пред некој ден помалиот од браќата Ѓуровски, изјави дека Модриќ е за три класи полош од Пижон.

За помладите генерации Владимир Петровиќ – Пижон е четвртата ѕвездина ѕвезда, долгогодишен капитен на Ц. Звезда, во свое време еден од најдобрите фудбалери во екс – СФРЈ, репрезентативец, играч кој со својот клуб освои многу пехари, но речиси и да нема којзнае што направено во Европа. Да потсетиме дека едно време играше и во Арсенал.

Ма какви, какви се тие споредби. Според мене Лука Модриќ е за три класи полош од еден Пижон. Јас не знам што луѓето гледаат во овие играчи како Лука. Никој не го гледа тоа реално. Сите играат како по команда, сите имаат идентично размислување, јас не бев таков, си бев свој“ рече покрај другото Ѓуровски во големото интервју за “Глас Српске“.

Инаку Милко е еден од најталентирани Македонци кои некогаш играле фудбал. Во Ц. Звезда беше “фудбалски бог“, кога го направи тој мега – трансфер во 1986 година летото од Ц. Звезда во Партизан, тоа беше фудбалски земјотрес. Тоа беше прва вест во ТВ дневниците на сите ТВ центри во тогашната држава.

Сепак, иако имаше богата кариера, се чини дека можеше да има блескава кариера, штета.

ПретходноМеси чека само еден телефонски повик, се е во рацете на еден човек!
СледноФанови и играчи на Беса Челопек сакале да ги тепаат судиите и делегатот!