Пелистер го демолираше Татран Прешов за второ учество на Ф4 во СЕХА-лига!

487

Пелистер го завери своето второ учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Битолчани најавија дека не отидоа да се бранат, тоа го покажаа на терен, дојдоа до нова убедлива победа против Татран, овој пат од 26-36. За Пелистер ова е прва победа во Прешов.

Костески со 11 гола од 15 обиди, зад него беше Стевановиќ со седум гола од 11 обиди. Марко Кизиќ беше одличен на голот, запиша девет одбрани.

Уште на стартот на мечот ги најавија своите намери, првото полувреме го добија со 10-20. Поведоа со 2-9, па со 4-12 и 7-19, противникот едноставно немаше решение за играта на македонскиот вицепрвак.

Во продолжение беше само чиста формалност, Пелистер доминираше, дојде на позитива од плус 11 (21-32), по ова беше јасно дека овој меч ќе заврши со убедлив триумф. Згоран на се, Татран Прешов премногу грешеше, имаше вкупно 18 загубени топки.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)
СледноКоментар на 26.коло: Скопје станува сериозен фактор, сега нека му ја мислат А.Пандев и Работнички!