Денеска УО на Фудбалската федерација на Македонија имаше своја седница, на која беа донесени неколку одлуки. Како што веќе информиравме, финалето на Купот на Македонија ќе се игра во Струмица на 20 мај. Познато е дека екипи финалисти се Струга Трим Лум и Македонија ЃП.
Исто така одлучено е Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, да се одржи на 27 мај во Скопје, со почеток од 11 часот.