Убава игра, победа против финалистот во Купот на Македонија, нови три бода. Тоа е епилогот од вчерашниот меч на Брегалница со Македонија ЃП. Ќе беше и убедлива победа, но сепак “лавовите“ во последните секунди го ублажија поразот за конечни 2:1.
Горан Здравков и натаму успешно е на кормилото на тимот, и натаму е без пораз како стратег на “сините“. Вчера неговиот тим одигра навистина квалитетно и покажа дека со него тимот на Брегалница е сосема нешто друго, некоја нова Брегалница.
Уште повеќе ако се знае дека Чаламот знае и сака да им дава шанса на помладите кои и тоа како ја користат минутажата.
Ех, Брегалница да го имаше Чаламот од стартот на сезоната, веројатно до сега и Европа ќе беше обезбедена.