Фанови и играчи на Беса Челопек сакале да ги тепаат судиите и делегатот!

1249

Ете, и тоа го има во Македонија. Како да нема крај на инцидентите на спортските борилишта во нашата земја изминатиот викенд.

Имено како што информираат од страна на МВР, на мечот меѓу Вардар Брвеница и Беса Челопек, меч од општинска лига при крајот на второто полувреме, незадоволни од судиската арбитража, околу 40-тина фанови на гостинскиот тим и играчи сакале, односно тргнале да ги тепаат судиите и делегатот.

За среќа не дошло до тоа благодарение на брзата интервенција на припаднците на МВР.

А еве што пишува во официјалниот билтен на МВР:
Вчера (09.04.2023) во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните“.

ПретходноМилко Ѓуровски: Модриќ е за три класи полош од Пижон!
СледноМЗТ Скопје со убедлив триумф над Феникс 2010!