Финалето на Купот се игра на 20 мај во Струмица!

609

Големото финале на Купот на Македонија, во кое силите ќе ги одмерат екипите на Струга ТЛ и Македонија ЃП, како што дознаваме, е закажано за 20 мај и тоа во Струмица. Веројатно со почеток од 19 часот. Во “игра“ беше и Битола, но сепак поради рефлекторите одбрана е Струмица.

Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје воопшто не е земена в предвид поради фактот дека ќе се чува теренот за квалификацискиот меч за ЕВРО 2024 со Украина во јуни.

Да потсетиме дека во Струмица во последно време се одиграа две финалиња. Во 2017 Пелистер ја победи Шкендија на пенали, а следната 2018 година, Шкендија му се реваншира на Пелистер и го освои пехарот во Купот.

Значи Струга ТЛ и Македонија ЃП на 20 мај во Струмица во битката за пехарот во Купот на Македонија.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Супер-Иван за нова радост на фудбалски Штип
СледноМакедонија поразена од Црна Гора (ВИДЕО)