Голден Стејт го победи Портланд со 158-101 и со тоа го осигураа шестото место во Западната конференција, последната позиција која води директно во доигрувањето за шампионската титула. Актуелниот првак одигра чудесна прва четвртина во која уфрли 55 поени и постави рекорд по бројот на постигнати поени во еден воведен период.
Рекордот по бројот на постигнати поени во една четвртина и натаму го одржи Буфало кој во сезоната 1972/72 кога против Бостон постигна 58 поени во последниот период, на другата страна противникот постигна само 23 поени.
На овој меч, Клеј Томпсон е третиот играч кој постигнал барем 300 поени од линијата за три поени, Стеф Кари тоа го направи четири пати.
На овој меч Томпсон постигна шест тројки и запиша 20 поени, Кари имаше 26 поени.
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН:
(7) ЛА Лејкерс – (8) Минесота Тимбервулвс
(9) Њу Орлеанс Пеликанс- (10) Оклахома Сити Тандер
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ:
(1) Денвер Нагетс – плеј-ин тим (8)
(2) Мемфис Гризлис – плеј-ин тим (7)
(3) Сакраменто Кингс – (6) Голден Стејт Вориорс
(4) Феникс Санс – (5) ЛА Клиперс
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН
(7) Мајами – Атланта (8)
(9) Торонто – Чикаго (10)
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ДВОЈКИ ПЛЕЈ-ОФ
(1) Милвоки – плеј-ин тим (8)
2 Бостон – плеј-ин тим (7)
(3) Филаделфија – (6) Бруклин
(4) Кливленд – (5) Њујорк