Aнчелоти: Ова е напорна сезона, а календарот е апсурден

101

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го изрази своето мислење за употребата на ВАР системот за време на натпреварите.

Навистина не ми се допаѓа како се користи ВАР. Сега тој е поважен од судењето и се користи премногу често. ВАР е создаден за да ги исправи јасните и очигледни грешки, но сега премногу се потпираат на него. Треба да се смени малку. И се уште има многу конфузија околу играта со рака“, вели италијанскиот стручњак во интервју за Раи Радио 1.

Потсетуваме, Реал Мадрид загуби од Виљареал во 28 коло од шпанската Ла Лига на свој терен со 2:3 со што и овозможи на Барселона чекор нанапред кон титулата.

За својата иднина во Реал Мадрид, тој изјави:

Имам договор до 30 јуни 2024 и сакам да го испочитувам. Што се однесува до сезоната, ова е многу, премногу напорна сезона, има премногу натпревари. Имаше Светско првенство во декември на кое играа 15 наши играчи вклучени, потоа шпанскиот Суперкуп во Арабија, Светското клупско првенство во Мароко.

Не можевме да го имаме континуитетот на Барселона. Календарот е апсурден и треба да се направи нешто и таму. Сепак не е се загубено ќе играме финале на Копа дел Реј и четвртфинале на Лигата на шампионите. А  да не заборавиме дека веќе ги донесовме европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство“.

ПретходноЧелзи потроши 700 милиони евра за 29 голови во ПЛ, а само Халанд постигна 30!
СледноЛестер ќе го предводат Смит и Тери