Голем проблем ќе биде за тимот на Баерн Минхен неиграњето на искусниот напаѓач Ерик Чупо Мотинг на првиот од двата дуели во рамките од четвртфиналето од Лигата на Шампионите кој е закажан за утре.
Оваа информација ја потврди замиот клуб, напоменувајќи дека тој нема да се опорави навреме за овој меч. Искусниот напаѓач не играше ниту викендов во Бундес лигата.
Чупо Мотинг сезонава за Баерн постигна десет гола.