Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години предмалку на домашен терен во Скопје, во рамките од квалификациската група и третото коло загуби во директниот дуел за првото место од соодветана селекција на Израел. Конечниот резултат гласи 1:2, а главен фактор за овој исход е двојниот стрелец за противникот Ориан Биру.
Напаѓачот на Израел погоди во 52. минута, а откако израмнивме преку Сулејмани во 74. минута и имавме две супер ситуации за водство, Биру повторно погоди во 83. минута и ни го одзеде и тој еден бод кој го имавме в раце.
Одличната партија на нашите млади фудбалерки за жал остана невалоризирана иако имавме голема шанса за тоа. Израел е прв во групата со девет освоени бодови, а ние останавме на досегашните шест.
Во моментов сме и лидери кога станува збор за второпласираните селекции, но треба да завршат и останатите групи.