Тимот на Манчестер Јунајтед викендов одигра и повеќе од добар меч во рамките од Премиер лигата против тимот на Евертон на домашен терен победувајќи со 2:0. По подолго време во стартниот тим се најде и Хери Мегваер кој е како што добро знае јавноста, мета на огромен дел од публиката поради слабите игри и киксови.
Тој пак во опширно интервју рече дека е заодолен од неговата моментална форма и дека не сака да се помири со фактот дека е резерва.
„Нема да стојам овде и да кажам дека ја сакам оваа ситуација или дека ми се допаѓа. . Не е така. Морам да го почитувам и менаџерот и неговите одлуки и исто така да почитувам колку е добра конкуренцијата во центарот на одбраната во овој клуб. Таа е таква и јас верувам во тоа. Кога ќе добијам шанса, сакам да настапувам, сакам да победувам и најважно за тимот е да има влијание врз играта. Секако дека сакам да играм на секој натпревар и сигурен сум дека ако разговарате со нашите централни бекови, сите тие се искусни и одиграа на највисоко ниво и сите ќе бидат разочарани кога ќе седнат на клупата. Истото важи и за мене. Имаме толку напорен крај на сезоната. Во мојот менталитет е дека сакам да освојам уште два трофеи за клубот. Бев среќен што го подигнав Карабао купот, а сакам да подигнам уште два пехари “, додава дефанзивецот на „црвените ѓаволи“.