Срамни сцени на фудбалски меч во Кочани: Публиката со сочни пцовки кон млади играчи (ВИДЕО)

4461

Наместо спортот да биде место кое што сплотува, со атмосфера која на младите играчи ќе им даде дополнителен мотив да продолжат успешно по својот пат, за жал во одредени градови во Македонија, на овие вредности веќе одамна е заборавено.

Ваква сцена доаѓа од Кочани, од полуфиналето во Купот меѓу Осогово и Македонија ЃП каде публиката се обидува со сочни пцовки да ги деконцентрира младите фудбалери, кои едвај имаат 17 години.

Фудбалерот на гостите изведува удар од белата точка, а некој навивач одлучи да ја извади целата своја некултура, да покаже колку ниско може да се падне на место кое треба да има поинаква порака и поинаква улога во созревањето на идните спортисти.

ПретходноСоиграч на Трајковски го излуди Ронадло (ВИДЕО)
СледноКој губи има право да се лути: Тренерот на Борец се сомнева во регуларноста на АБА-лига!