И дефинитивно Брегалница има нов бисер во својот тим. А тоа е Иван Николов, кој вчера против Македонија ЃП беше маестрален, и не само поради атрактивниот гол туку и поради фактот дека и овојпат беше “мозокот“ на тимот. “Сините“ не погрешија кога минатото лето си го вратија, кога тренерот Здравков му даде соодветна минутажа и слобода во играта. Сега супер-Иван, кој стана и А-репрезентативец на 20 година, играше против С. Арабија, е “главниот“ во тимот, без дилеми.
Детето е новата “ѕвезда“ во мак – фудбалот. Затоа е и играч на 26.коло според “Спортмедиа“.
Покрај Николов, од Брегалница во тимот на колото се и Мојсов и Ѓорѓиев. Шкупи ја “наполни“ Победа со 6:0, Адетунџи, Цефас и Алварез беа централни фигури, Скопје одигра 1:1 со лидерот Струга ТЛ, и затоа тука се Божиновски, Рашид и стрелецот на голот Моусинга. Ибраими постигна ефектен гол за Струга ТЛ а Алексовски како голман го спасуваше Работнички од нов пораз во Струмица.
ИГРАЧ НА КОЛО
ИВАН НИКОЛОВ
Тим: Брегалница
Роден: 17.02.2002 во Штип
Кариера: Брегалница, А. Пандев, Вардар, Брегалница