Ако не сака Анчелоти, нов селектор на Бразил ќе биде тренерот на Фенербахче?

121

Репрезентацијата на Бразил и натаму продолжува без да го објави името на својот нов селектор, Според информациите, Бразил и натаму ќе му даде шанса на Рамон Менезес како привремен тренер бидејќи засега нема идеална замена за Тите.

Името кое најмногу се споменуваше во последните неколку недели беше она на Карло Анчелоти, па дури и бразилските играчи, како Едерсон, отворено зборуваа за Италијанецот. Сепак, се појави можен ривал кој може да го пополни селекторското место.

Станува збор за актуелниот тренер на Фенербахче, Жорхе Жезус. Тој би можел да биде скриениот адут на „кариоките“ во трката за нов селектор.

„Ако обидот со Анчелоти не успее, селектор на Бразил ќе биде Хорхе Жесус“, пишуваат бразилските медиуми.

Португалецот сега е во Турција, а договорот му завршува на 28 мај. Жесус добро го познава бразилскиот фудбал бидејќи веќе беше тренер на Фламенго со кој освои пет трофеи: Копа Либертадорес 2019, Бразилеирао 2019, Суперкуп на Бразил 2020 година, Рекопа Судамерикана 2020 и Кариока Куп 2020 година.

ПретходноПотпишан договор за соработка: Макпетрол со поддршка за нашиот атлетичар Дарио Ивановски
СледноПСЖ ќе пријави приход од 800 милиони евра и ќе нема проблем за нови милионски трансфери!