Натпреварот од 30 коло од српската Супер лига помеѓу Чукарички и Партизан не го дочека крајот затоа што е прекинат поради дивеење на гостинските навивачи кои правеа големи нереди.
Мечот беше прекинат во 20 минута. Прво илјада „Гробари“ прво приредија „бакљада“ поради што средбата беше прекината прв пат. Неколку минути подоцна тие ги корнеле столчињата на стадионот на Баново брдо и го гаѓале помошниот судија.
Главниот арбитар наредил да се испразни гостинската трибина, а тоа довело до нов хаос затоа што се спречкаа „Гробарите“ со припадниците на специјалната полиција.
По извесно време трибината се испразни, но мечот не продолжи. Тој е одложен за утре без присуство на публика.
11.04.2023🇷🇸Grobari (Partizan) fight right now with police on away game against Cukaricki https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/miC7XceL0V
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 11, 2023