Добро знаат во таборот на Баерн Минхен дека без класична “деветка“, без врвен голгетер, а по заминувањето на Левандовски сега го имаат само Чупо – Мотинг, едноставно не се може. Токму затоа на барање и инсистирање на стратегот Томас Тухел, гигантот од Минхен спремен е во летниот преоден рок и тоа како да го одврзе кесето.
Се спремаат дури 100 милиони евра , што ќе биде клупски рекорд, за Виктор Осимен, интернационалецот од Нигерија кој просто блеска сезонава во составот на Наполи.
Тој е прв пик, но ако евентуално не се може да се дојде до него, тогаш Баерн ќе се сврти кон шпицот на Франкфурт, францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани.