Битката за титулата се вжештува: Струга ТЛ во пол – позиција, распоред кој со кого до крајот!

1299

Пишува: Зоран Ѓоршоски

По ремито на Струга ТЛ изминатииот викенд на Автокоманда, лидерот како повторно да им влеа надеж на Шкупи и Шкендија дека ќе можат на крајот сепак да ја дојдат до титулата.

И дефинитивно, на седум кола до крајот на 31.шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија, битката за титулата се вжештува. Секако дека лидерот, тимот на Струга ТЛ е во пол-позиција и секако дека тимот кој што од 1.коло сезонава е лидер на табелата, ќе сака таму и да остане.

Токму затоа “Спортмедиа“ за своите читатели направи анализа за тоа кој со какви шанси влегува во последните седум кола, и целиот распоред на тоа кој со кого до крајот ќе ги одмери силите.

Се разбира дека тука се земени в предвид само екипите на Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија, со оглед на тоа дека само овие три екипи имаат шанси да дојдат до пехарот и пласманот во квалификациите во ЛШ, што ќе му донесе на првакот најмалку еден милион евра чист приход од УЕФА.

Па така кога ќе ја погледнеме табелата пред одигрувањето на саботното 27.коло, ќе видиме дека Струга ТЛ е прва со 50 бодови од 24 одиграни меча, следува Шкупи со 45 бодови од исто толку мечеви и Шкендија со 44 бода, но со меч помалку.

Јасно е дека Струга ТЛ самата си решава за својата судбина, посебно ако се знае дека во последното коло игра дома Шкупи, но затоа во претпоследното ќе и гостува на Шкендија.

Стружани имаат добар распоред. Прво во сабота играат дома со Победа, потоа се слободни, потоа играат дома со Тиквеш, гостуваат во Штип, следува дуелот со Силекс, па веќе споменатите мечеви со Шкендија и Шкупи.

May be an image of 8 people and people playing soccer

Шкупи е втор, но во сабота е слободен, потоа гостува во Кавадарци, па игра дома со пролетва непобедливата Брегалница, следува гостувањето во Кратово, па дома со Шкендија и на гости во Струга.

Шкендија има 44 бода, но и меч помалку. Во сабота игра дома со Тиквеш, потоа гостува во Штип, па игра дома со Силекс, па со Македонија ЃП исто дома, гостува на Чаир, игра дома со лидерот и во последното коло се среќава со Работнички во Скопје.

Вака на прв поглед тетовци имаат најтежок распоред.

May be an image of 9 people, people standing and outdoors

Во секој случај може да се засклучи дека се зависи од Струга ТЛ која во меѓувреме ќе има на плус шанса за трофеј, а тоа е финалето во Купот на Македонија против Македонија ЃП во Струмица на 20 мај.

Да кажеме дека ако Струга ТЛ ја освои првата својата титула во клупската истортија, тоа ќе биде за првпат после 2007 година кога шампион беше Победа, пехарот да оди во друг град а не само во Скопје и Тетово.

Значи во последните 15 години шампиони на Македонија биле клубови само од Скопје (Работнички, Македонија ЃП, Вардар, Шкупи) и Тетово (Ренова и Шкендија).

Се чини дека е време за измени, време е за некој друг град да биде шампионски град.

ТАБЕЛА

1.СТРУГА ТЛ 50 (24 натпревари)

2.ШКУПИ 45 (24)

3.ШКЕНДИЈА 44 (23)

РАСПОРЕД

27.КОЛО – 15.04 (САБОТА)

Струга ТЛ – Победа

Шкендија – Тиквеш

Шкупи (слободен)

28.КОЛО – 23.04 (НЕДЕЛА)

Брегалница – Шкендија

Тиквеш – Шкупи

Струга ТЛ (слободна)

29.КОЛО – 27.04 (ЧЕТВРТОК)

Струга ТЛ – Тиквеш

Шкупи – Брегалница

Шкендија – Силекс

30.КОЛО – 30.04 (НЕДЕЛА)

Шкендија – Македонија ЃП

Силекс – Шкупи

Брегалница – Струга ТЛ

31.КОЛО – 07.05 (НЕДЕЛА)

Струга ТЛ – Силекс

Шкупи – Шкендија

32.КОЛО – 10.05 (СРЕДА)

Шкупи – Македонија ЃП

Шкендија – Струга ТЛ

33.КОЛО – 14.05 (НЕДЕЛА)

Работнички – Шкендија

Струга ТЛ – Шкупи

ПретходноПоради тоа што удри соиграч, Гобер нема да игра на плеј-ин турнирот
СледноВторолигашкото дерби ден порано: Вардар – Гостивар во петок во Маџари