„Гробари“ корнеа столчиња, го гаѓаа судијата и се тепаа со полицајци

1488

Натпреварот од 30 коло од српската Супер лига помеѓу Чукарички и Партизан не го дочека крајот затоа што е прекинат поради дивеење на гостинските навивачи кои правеа големи нереди.
Мечот беше прекинат во 20 минута. Прво илјада „Гробари“ прво приредија „бакљада“ поради што средбата беше прекината прв пат. Неколку минути подоцна тие ги корнеле столчињата на стадионот на Баново брдо и го гаѓале помошниот судија.
Главниот арбитар наредил да се испразни гостинската трибина, а тоа довело до нов хаос затоа што се спречкаа „Гробарите“ со припадниците на специјалната полиција.
По извесно време трибината се испразни, но мечот не продолжи. Тој е одложен за утре без присуство на публика.

ПОВЕЌЕ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноРаботнички пак „бега“ во Велес за дуелот со Скопје!
СледноФит Фан Волеј го намачи шампионот, но Работнички обезбеди финале