Дефанзивец на Ленс: Ако Мбапе ме помине, ќе го одведат со брза помош

465

Одбранбениот фудбалер на Ленс, Факундо Медина го предупреди напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе пред меѓусебниот дуел во Лига 1 претстојниот викенд. 23-годишниот фудбалер сериозно му се закани на младиот француски фудбалер.
Ако Меси помине покрај мене, нема да го фаулирам. Ќе го фатам за дресот или ќе го гушнам. Поради Светското првенство. А ако Мбапе ме помине, ќе го одведат со брза помош“, веројатно се пошегувал Аргентинецот на прашањето што би направил доколку еден од двајцата напаѓачи на ПСЖ помине покрај него за време на натпреварот.

По 30 натпревари и 69 бодови, ПСЖ има бод предност пред второпласираниот Ленс на табелата во Лига 1. Сепак, откако претрпеа последователни порази во лигата дома од Рен и Лион, парижаните им дадоа малку надеж на Ленс и разликата може да се намали на само три бода доколку загубат овој викенд.

ПретходноМирчевски влезе во 90. минута и веднаш погоди за триумф на ТСЦ
СледноАнчелоти: Фан сум на Челзи, но нема да се вратам таму