Утре во Милано, на „Сан Сиро“ со почеток од 21 часот се игра првиот 1/4 финален меч од Лигата на Шампионите меѓу Милан и Наполи. Тренерот на наолитанците Луќано Спалети си има големи проблеми со составот, посебно во нападот. Осимен и дефинитивно нема да игра, а под голем знак прашалник е настапот и на Симеоне, па и на Распадори.
Па така утринава речиси сите италијански медиуми наголемо анализираат дека Спалети утрешниот меч со Милан ќе го почне со нашиот Елјиф Елмас во нападот и тоа како „лажна деветка“.
Ова се само предвидувања, но на вчерашниот тренинг Спалети испробувал повеќе варијанти во нападот, а една од тие била во која Дијамантот би се нашол што поблиску до противничкиот гол.