Навистина одбојката во Македонија станува опасен спорт, сензационално. По се она шо се случуваше на дуелот во Струмца меѓу екипите на Наковски волеј и Јанта волеј, еве вчера одново нов, тежок инцидент на средбата од полуфиналето во машка конкуренција меѓу Борец и Шкендија во Велес.
Имено гостинските одбојкари, како што се гледа од видеото на “Тетовски спорт“, физички се пресметувале со дел од присутните гледачи во Велес. Имало навреди, тепање, фрлање со столици, а потоа се се завршило во полиција со давање искази.
На крајот да кажеме дека овој натпревар заврши со победа на Борец со 3:2.
ВИДЕО: ТЕТОВСКИ СПОРТ