ОФИЦИЈАЛНО: Миркуловски ќе го води Вецлар до крајот на сезоната

116

Германскиот бундеслигашГ Вецлар до крајот на сезоната ќе биде предводен од Јасмин Чамџиќ и Филип Миркуловски. Она што се најавуваше, денеска доби и официјална потврда.

Управниот одбор и раководството на „зелено-белите“ ја потврдија најавата дека нашиот ракометен ветеран Миркуловски во двојка со Чамџиќ ќе биде предводник на тимот. Двајцата го наследуваат разрешениот Хрват, Хрвоје Хорват.

„Имав многу разговори за време на велигденските празници, исто така и со нашите искусни играчи, кои сите се согласија да продолжат да работат со Јасмин и Филип“, вели извршниот директор на ХСГ, Бјорн Сеип.

„Нема многу време за воведување нови работи пред крајот на сезоната. Така што одлуката ја гледам како логична. Во Вецлар сум осум години, Јашко уште подолго. Знаеме кои играчи што и кога можат да изведат на теренот. Тоа е голема предност. Апсолутно сум сигурен дека ќе успееме како тим“, изјавил нашиот Миркуловски.

ПретходноНеверојатно: Одигра само 48 минути, а ќе добие 28 милиони евра!
СледноЛШ: Битка на титаните на „Етихад“, Бенфика подготвена за нов чекор кон историја