Интер е многу блиску до полуфиналето на ЛШ откако вечерва славеше со 2:0 на гостувањето кај Бенфика. И покрај неколкуте шанси на двете страни во првото полувреме мрежите мируваа. Вториот дел беше многу посодржаен.
Во првиот напад во второто полувреме Интер постигна гол. Бастони асистираше, а Барела погоди за 1:0.
Бенфика можеше да возврати во 57 минута меѓутоа Рафа Силва пропушти одлична можност. Во 80 минута одбраната на Бенфика спречи напад на Интер и шут на Дамфрис, а само минута подоцна пенал за „Нероаѕурите“. По прегледување на ВАР судијата покажа на белата точка поради игра со рака, а Лукаку, кој влезе во вториот дел, погоди за конечни 2:0 на „Луж“.
Реваншот се игра на 19 април на „Џузепе Меаца“ во Милано.