Потпишан договор за соработка: Макпетрол со поддршка за нашиот атлетичар Дарио Ивановски

175

Како општествено одговорна компанија, Макпетрол од денеска е еден од поддржувачите и најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски. Двете страни денеска се договориле за заедничка соработка, која на Ивановски треба да му даде уште подобри услови за тренинг и настапи на врвни натпреварувања.

„Водени од нашата мисија, атлетичарот Дарио Ивановски, олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет за настап на следните летни Олимписки игри во Париз, во борбата за остварување врвни резултати ќе има поддршка од Макпетрол. Дарио, се надеваме дека како резултат на соработката, ќе можеш целата своја енергија да ја посветиш на подготовките и на тој начин да дојдеш до што поголеми достигнувања. А ние на тој пат до успехот, ќе ти дадеме безрезервна поддршка“, порачаа од Макпетрол.

Ивановски е еден од македонските спортски адути за престојните ЛОИ во Париз 2024.

ПретходноОФМ изрече само високи парични казни за учесниците во инцидентот во Струмица
СледноАко не сака Анчелоти, нов селектор на Бразил ќе биде тренерот на Фенербахче?