Во јули минатата година беше најавен како претседател за фудбалски развој во Вардар, а пред два дена стана спортски директор на Адана Демирспор, тимот за кој игра нашиот репрезентативец Јован Манев.
Тоа е извесен Мухамед Туркмен, за кого првиот човек на ФК Вардар, Слободан Крстевски го најавуваше Турчинот како големо засилување во раководните структури на клубот, а убаво се виде што тој и колку направи по овие 8-9 месеци, или дали и беше толку. Не веруваме.
Сепак да се стане спортски директор на еден клуб во Суперлигата на Турција и не е мала работа, но дали Вардар, а пред се Крстевски успеа да искористи нешто од знаењето на Туркман или ова беше “димна бомба“ на првиот човек на Вардар, уште една во низата додека тој е на чело на нашиот најтрофеен клуб.