Роберто Карлос има 11 деца: Ги заборавив имињата на дел од жените со кои имам потомци!

714

Роберто Карлос (50), славниот бразилски бек, еден од најдобрите во историјата на фудбалот на таа позиција, е познат по сите “авантури“ кои ги има(л) надвор од фудбалските терени.

Иако официјално бил венчан само со две жени, сепак тој успеал да добие 11 деца, барем тие што ги признал.

Првото го добил кога има само 19 години, инаку стана дедо на 44 години.

Искрено веќе не ни знам точно со кого сум бил во врска, знам само дека двапати бев во брак. И знам дека сум имал деца со седум жени, но ги заборавив имињата на дел од нив со кои имам потомци“ вели Роберто Карлос.

Интересно е тоа што некогашниот ас со поголем дел од своите деца не е во контакт, а за среќа негова нема потреба да плаќа алиментација зошто сите деца ги добил со добро ситуирани жени.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Маестрален гол на Родри, Сити води против Баерн
СледноРистовски го продолжи договорот со Динамо