Струга дојде до голема победа на гостувањето кај Куманово, славеше со 25-28 во првиот меч од деветото коло. За стружани ова беше петти триумф во пле-аут лигата, до истиот дојдоа благодарение на добрата игра во првото полувреме во кое имаа водство од 9-13.
Ракометарите на гостинскиот состав беа добри во финишот, кога стигнаа до позитива од пет гола позитива 8-13. На другата страна Куманово се разбуди по одморот, дојде на минус еден, дури и израмни 20-20, но застана. Струга со серија од 5-0 поведе со 20-25, доволно за да си замине со целиот плен.
Маркоски со 12 гола беше лидер кај победникот, на другата страна Кастратович имаше шест погодоци.