Одбојкарките на Работнички први обезбедија пласман во финалето на одбојкарскиот плеј-оф. Денеска во реванш мечот од полуфиналната серија против екипата на Фит Фан Волеј, Работнички оставри победа од 1:3 (25:23, 27:29, 16:25, 22:25) и успеа со две победи да го потврди местото во финалето.
Фит Фан Волеј покажа дека не случајно се најде меѓу најдобрите четири, затоа што денеска одигра одлични два воведни сета и лесно можеше да се случи да поведе со 2:0 и да го доведе мечот до победа. Искуството на Работнички пресуди во решавачките моменти, па шампионките први си визираа место во финалната серија. Таму ќе го чекаат за ривал подобриот од утрешната „мајсторка“ меѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј.