Ѓоковиќ полуде на мечот со 198. играч на светот (ВИДЕО)

3137

Во второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, НОВАК ЃОКОВИЌ го победи Иван Гаков, 198. тенисер во светот со 7:6 (5), 6:2. Русинот прв направи брејк и успеа да поведе со 4:3 во воведниот сет, но Ѓоковиќ возврати. Во тајбрејк после 69. минути Новак го освои првиот сет и поведе со 1:0. Во вториот сет беше поинаку, тука Ѓоковиќ не дозволи да се мачи.

Српскиот тенисер сепак и на овој меч го извади бесот, почна да пцуе и силно со рекетот ги удира своите патики.

Коментаторот рече: „Класичен бес на Ѓоковиќ. Тој тоа го нарекува исфрлање негативна енергија“.

Ова беше прв натпревар помеѓу 35-годишниот Ѓоковиќ и 26-годишниот Гаков.

Моментот можете да го видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноЛевандовски за Меси: Не знам што ќе се случи, но сите знаеме каде му е местото!
СледноСтруга со цел плен од Куманово!