Maшинеријата на Гвардиола ги растури „Баварците“ (видео)

258

Манчестер Сити го совлада Баерн со 3:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. На својот „Етихад“ четата на Пеп Гвардиола славеше со 3:0 против германскиот шампион и има убава предност пред реваншот во Минхен.
„Граѓаните“ дојдоа во предност во 27 минута со прекрасниот гол на Родри. Шпанецот со убав шут од далечина го совлада противничкиот голман.
А потоа од 70 до 76 минута „Граѓаните“ зададоа уште два удари. Бернардо Силва погоди на асистенција на Халанд, а потоа самио Халанд се запиша во листата на стрелци заокружувајќи убедлива победа на Сити.

ГОЛОТ НА РОДРИ НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА СИЛВА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ХАЛАНД НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноРистовски го продолжи договорот со Динамо
СледноПобеднички танц на Интер во Лисабон (видео)