Вардар 1961 без Стоилов и уште тројца ракометари во Нови Сад!

206

Вардар 1961 треба да биде вториот македонски претставник на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Актуелниот македонски првак денеска (16:30 часот) во Нови Сад против Војводина го игра реванш мечот од четвртфиналето.

„Црвено-црните“ на првата средба во Скопје славеше со убедливи 38-25, па позитивата од 13 гола е повеќе од доволна да се потврди местото на Ф4.

За Нови Сад отпатува стандардниот тим, но без Стојанче Стоилов, Велко Маркоски, Борко Ристовски и Дарко Ѓукиќ.

„Немаме многу време за одмор бидејќи сега имаме набиен распоред на натпревари. Вчера игравме домашно првенство, сабајлево трениравме и веднаш заминавме за Нови Сад. Имаме голема предност од првиот натпревар, но без разлика на тоа ќе бидеме максимално фокусирани на натпреварот со Војводина. Тие во Скопје играа со комбиниран тим, но не знаеме како ќе биде сега. На секој меч одиме со мисла да победиме. Во Нови Сад ќе бидеме без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ. Нема што многу да менуваме во играта, треба само да го наметнеме нашето темпо. Секако ќе добијат шанса сите да играат“, изјави Владо Недановски. 

Еден од поискусните во редовите на актуелниот макеоднски првак, Гоце Георгиевски, уверува дека и покрај големата разлика нема да калкулираат сакаат со победа го заверат своето место на Ф4.

„Почнуваме да се навикнуваме на ова темпо на играње натпревар на секои 2-3 дена. Сега е најважниот дел од сезоната. Војводина одигра добро во Скопје иако на крај разликата беше висока во наша корист. Верувам дека и тие се надеваат дека може да не победат, а ние секако сериозно го сфаќаме тој натпревар. Нема што да калкулираме ниту да размислуваме – едноставно сакаме да победиме“.

ПретходноПретседателот на Вардар за фудбалски развој стана спортски директор на Адана Демирспор! (ФОТО)
СледноШокантно: Ова е новиот имиџ на Халанд! (ФОТО)