Наполи со Елмас во нападот ќе го напаѓа Милан на “Сан Сиро“!

850

Утре во Милано, на „Сан Сиро“ со почеток од 21 часот се игра првиот 1/4 финален меч од Лигата на Шампионите меѓу Милан и Наполи. Тренерот на наолитанците Луќано Спалети си има големи проблеми со составот, посебно во нападот. Осимен и дефинитивно нема да игра, а под голем знак прашалник е настапот и на Симеоне, па и на Распадори.

Па така утринава речиси сите италијански медиуми наголемо анализираат дека Спалети утрешниот меч со Милан ќе го почне со нашиот Елјиф Елмас во нападот и тоа како „лажна деветка“.

Ова се само предвидувања, но на вчерашниот тренинг Спалети испробувал повеќе варијанти во нападот, а една од тие била во која Дијамантот би се нашол што поблиску до противничкиот гол.

ПретходноРакометарките не се предаваат, веруваат во чудо за мундијалска виза!
СледноБаерн со 100 милиони евра тргнува по Осимен!