Неверојатно: Одигра само 48 минути, а ќе добие 28 милиони евра!

419

Така е тоа кога не се почитуваат договорите на кои си се потпишал. Па така ФИФА одлучи за спорот меѓу Лидс и Жан – Кевин Аугустин, клубот од Премиерлигата да му исплати на францускиот интернационалец дури 28 милиони евра, иако тој за Лидс одигра само 48 минути од 2020 година па наваму.

Ова е најлесна заработувачка на еден фудбалер во историјата на фудбалот.

Сепак плаќањето нема да се изврши се додека за ова не реши и ЦАС (Судот за спортска арнитража).

Целиот спор настана за време на ковид – кризата меѓу Лидс, Лајпциг од каде Аугустин дојде како позајмен играч и самиот фудбалер.

Во договорот стоеше дека Лидс ќе мора да му плати на Лајпциг 18 милиони евра ако клубтот влезе во Премиерлигата и ќе мора да го задржи. Тоа на Лидс му успеа, германскиот клуб си ги доби парите откако дојде до судење, а потоа и самиот играч си побара своите права.

Имено сега Лидс ќе мора да му ги исплати сите плати, сумата изнесува 80.000 фунти седмично, од договорот.

ПретходноБаерн со 100 милиони евра тргнува по Осимен!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Миркуловски ќе го води Вецлар до крајот на сезоната