Она што се најавуваше во текот на вчерашниот ден, и се освари. Доцна синоќа Лестер, некогшниот првак во Премиерлигата и официјално го назнали Дин Смит за свој нов шеф на струѓниот штаб. Смит доаѓа во редовите на “лисиците“ откако претходно тие му се заблагодарија на Брендан Роџерс, кој беше четири години на клупата на Лестер.
Некогашниот тренер на Норвич, Астон Вила и Брентфорд, со Лестер потпиша договор до крајот на сезоната, а тоа значи дека клубот го посакува него само во Премиерлигата. Во случај да испадне тогаш веројатно ќе дојде и до прекин на соработката.