ОФМ изрече само високи парични казни за учесниците во инцидентот во Струмица

7668

По инцидентите на вториот меч од полуфиналето на плеј-офот во женска конкуренција, меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј кој беше одигран во Струмица, Одбојкарската федерација денеска ги изрече санкциите за сите инволвирани страни и поединци.

Наковски Волеј се казнува со 6.000 денари парична казна за лоша организација на натпреварот и дополнителни 60.000 денари поради физички напад на членови на службени лица од страна на неслужбено лице од публика. Тренерот на струмичкиот тим, Хари Наковски доби парична казна од 30.000 денари за агресивно однесување кон членови на екипа, а казна има и за одбојкарката на Јанта Волеј, Ана Фасулева, која ќе треба да плати 15.000 денари за непримерно и неспортско  однесување.

Поради пропусти во организацијата на средбата, домашниот клуб Наковски Волеј ќе биде казнет следните натпревари на домашен терен да ги игра надвор од Струмица и тоа најмалку во радиус од 50 километри од градот, доколку обезбеди пласман во финалето на плеј-офот.

По инцидентот на вчерашниот меч во Велес меѓу ГОК Борец и Шкендија, ОФМ дополнително ќе ги објави изречените санкции за учесниците во истиот.

ПретходноВторолигашкото дерби ден порано: Вардар – Гостивар во петок во Маџари
СледноПотпишан договор за соработка: Макпетрол со поддршка за нашиот атлетичар Дарио Ивановски