Победнички танц на Интер во Лисабон (видео)

252

Интер е многу блиску до полуфиналето на ЛШ откако вечерва славеше со 2:0 на гостувањето кај Бенфика. И покрај неколкуте шанси на двете страни во првото полувреме мрежите мируваа. Вториот дел беше многу посодржаен.
Во првиот напад во второто полувреме Интер постигна гол. Бастони асистираше, а Барела погоди за 1:0.
Бенфика можеше да возврати во 57 минута меѓутоа Рафа Силва пропушти одлична можност. Во 80 минута одбраната на Бенфика спречи напад на Интер и шут на Дамфрис, а само минута подоцна пенал за „Нероаѕурите“. По прегледување на ВАР судијата покажа на белата точка поради игра со рака, а Лукаку, кој влезе во вториот дел, погоди за конечни 2:0 на „Луж“.
Реваншот се игра на 19 април на „Џузепе Меаца“ во Милано.

ГОЛОТ НА БАРЕЛА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ЛУКАКУ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноMaшинеријата на Гвардиола ги растури „Баварците“ (видео)
СледноПовремениот француски репрезентативец осуден на шест месеци затвор