Центарот на Минесота Тимбервулфс, Руди Гоберт е суспендиран за плеј-ин натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс, соопшти клубот. Гоберт ја заработи суспензијата затоа што го удри соиграчот Кајл Андерсон на неделниот натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс. При еден тајм-аут во првото полувреме двајцата се скараа, по што Гоберт го удри Андерсон во градите.
Тимбервулфс објавија дека францускиот кошаркар ќе пропушти еден натпревар. Минесота се натпреварува на плеј-ин турнирот за да пополни место во плеј-офот. На првата средба играат против Лос Анџелес Лејкерс и неиграњето со Гобер ќе биде голем минус. Победникот ќе влезе во плеј-офот, а поразените ќе имаат уште една шанса против подобриот од средбата меѓу Њу Орлеанс и Оклахома Сити.
„Ме совладаа емоциите, не требаше така да реагирам. Им се извинувам на навивачите и на клубот, а особено на Кајл, кого вистински го сакам и почитувам како соиграч“, објави Гоберт на Твитер по натпреварот.