И тоа како се “крчка“ враќањето на Лео Меси во Барселона. Уште повеќе, како што пишуваат медиуите во Каталонија, почнале и преговорите и тоа меѓу таткото на Лео, Хорхе Меси со претседателот на Барса, Хоан Лапорта.
Се разбира дека има уште многу работа целиот трансфер да се реализира, но дека работата е тргната кон тоа иконата на Барса да се врати дома, тука нема дилеми.
Дека тоа го бараат и фановите на Барса, доказ е она што се случи синоќа на “Камн Ноу“ на средбата со Џирона, кога во 10.минута, по бројот на дресот на Меси, имаше сцени од кои вистинскиот фан на фубалот го тера да се наежи.
Цел “Камп Ноу“ скандираше и го повикуваше Лео Меси да се врати во Барса.
Camp nou changing Messi’s name once again ❤️ pic.twitter.com/xzxJTCSOXT
— Messi Media (@LeoMessiMedia) April 10, 2023