Претседателот на Вардар за фудбалски развој стана спортски директор на Адана Демирспор! (ФОТО)

6382

Во јули минатата година беше најавен како претседател за фудбалски развој во Вардар, а пред два дена стана спортски директор на Адана Демирспор, тимот за кој игра нашиот репрезентативец Јован Манев.

Тоа е извесен Мухамед Туркмен, за кого првиот човек на ФК Вардар, Слободан Крстевски го најавуваше Турчинот како големо засилување во раководните структури на клубот, а убаво се виде што тој и колку направи по овие 8-9 месеци, или дали и беше толку. Не веруваме.

Сепак да се стане спортски директор на еден клуб во Суперлигата на Турција и не е мала работа, но дали Вардар, а пред се Крстевски успеа да искористи нешто од знаењето на Туркман или ова беше “димна бомба“ на првиот човек на Вардар, уште една во низата додека тој е на чело на нашиот најтрофеен клуб.

Image

ПретходноПочнаа преговорите меѓу Меси и Лапорта …сцени од “Камп Ноу“ кои те тераат да се наежиш! (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 без Стоилов и уште тројца ракометари во Нови Сад!