Поради реконструкција на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, фудбалерите на Работнички се принудени да брааат алтернативни решенија за домашните натпревари.
Оваа екипа најчесто беше домаќин на стадионот на Маџари и на терените на ФФМ, но овој пат за престојниот дуел со Скопје, одлуката падна како домашен терен да се користи стадионот во Велес.
Ова е е ништо ново кога станува збор за Работнички, бидејќи оваа екипа, пролетва веќе играше на овој терен како домаќинво февруари, кога исто така против Скопје славеа со убедливи 4-0. Можеби таа доминантна победа од тој меч беше главната причина за ново бегство од Скопје, иако терените на ФФМ и стадионот во Маџари се слободни.