Македонскиот капитен Стефан Ристовски ќе остане во Динамо Загреб. Нашиот бек потпишал нов договор со важност до летото 2025 година, со опција да го продолжи на уште една година, пренесуваат „Спортске новости“.
Ристовски е само дел од играчите кои Динамо сака да ги задржи за идната сезона. „Модрите“ водат преговори со уште некои фудбалери за продолжување на нивните договори.
Инаку Ристовски дојде во Динамо Загреб во зимскиот преоден рок во 2021 година од Спортинг Лисабон.