Предводникот на англиски Барнли, Винсент Компани го предизвика својот тим да ја освои титулата во Чемпионшип, а потоа да се обиде да го собори рекордот за најмногу освоени бодови во една сезона во второто по ранг англиско натпреварување.
Тимот на нашиот Дарко Чурлинов стигна до промоција по последното коло во Чемпионшип, па сега мирно можат да ја доиграат сезоната. Компани, кој го прослави својот 37-ми роденден со последната победа на тимот, се надева дека можат да го соборат рекордот по бројот на освоени бодови во една сезона кој го држи Ридинг – 106 поставен во сезоната 2005/06.
„Доколку моите математики не се погрешни, би можеле да бидеме шампиони следниот викенд, ако работите тргнат на нашиот начин“, рече Компани.
„Наше е да ја поставиме границата уште повисоко и да видиме дали има нешто плус од освојувањето на трофејот. Можеме ли да ја задржиме таа конзистентност во следните шест натпревари?“, вели Компани.