жСиноќениот дуел од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Манчестер Сити односно Баерн Минхен, во моментов ја покажа сета сила на премиерлигашот. Конечните 3:0 се сосема реални, како што е уште пореална и констатацијата дека Ерлинг Халанд во моментов е најдоминантниот играч на планетава.
Норвежанецот постигнува голови буквално на секој меч, тоа го стори и вчера, а најдобриот коментар за него го даде дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис.
„Тој ќе стане легенда. Не е возможно во моментов да го сопрете, не му можете ништо. Брз е, јак, и многу паметен играч. Играв против него во Бундес лигата, играм против него еве и сега, и моето мислење за него не е променето. Не е возможно да го чувате“ – изјави репрезентативецот на Канада.