Искусниот играч за врска на Челзи, Н’Голо Канте, забележа нешто како извонредна статистика со својот настап против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Неговите последни четири натпревари беа под водство на различни клупски тренери. Французинот поради повреди ги пропушти речиси сите натпревари на својот тим во текот на сезоната и затоа има само пет средби заедно со вечерашниот на „Бернабеу“.
Натпреварот со Реал е негов прв сезонава во Лигата на шампионите и со Френк Лампард на клупата. Неговиот претходен натпревар за Челзи беше на 4 април против Ливерпул (0-0) во Премиер лигата, со Бруно Салтор на чело како краткорочна замена по отпуштањето на Грем Потер.
Под водство на Потер беше неговиот претходен меч за „сините“ – на 1 април против Астон Вила (0:2).
Натпреварот против Бирмингем на „Стемфорд Бриџ“ беше негов прв по долго лекување на повредата, а пред тоа последен пат беше на теренот на 14 август во ремито 2:2 против Тотенхем. Тогаш менаџер сè уште беше Томас Тухел.
Дома Меѓународен фудбал Англија Интересно: Последните четири меча на Канте за Челзи се со четири различни...