Ракометарите на Тиквеш и Пролет одиграа 23-23 во меч од 9 коло во суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани беа блиску до победа затоа што во последните две минути имаа предност од два гола (23-21) меѓутоа им дозволија на гостите да извлечат бод.
На полувреме Пролет водеше со 13-10, Пролет имаше и водство во вториот дел од 16-12 меѓутоа домашната екипа некаде во 50 минут направи пресврт и се доведе во позиција за триумф. На крајот само реми.
Тиквеш има 11 бода на четвртото место, а Пролет е последен со шест бода.