Баерн синоќа загуби за првпат во нокаут фазата од Лигата на шампионите по цели 8 години. Последен пат Баварците биле поразени во нокаут-рундата во 2015 година.
Баерн последен пат и тоа со истиот резултат (3:0) загуби во мај 2015 година, кога во полуфиналето играше со Барселона. Синоќа германскиот шампион го претрпе највисокиот пораз во Лигата на шампионите од септември 2017 година и остави малку шанси за реваншот на домашен терен.
„Резултатот не е одраз на играта. Бевме казнети во оние фази каде што бевме подобри. Денеска бевме жестоко казнети. Мислем дека игравме многу добро до 2:0. Видов многу добар настап на тимот до 70. минута. Мислам дека заслуживме да постигнеме барем еден гол. Нашите играчи немаа самодоверба и подготвеност. Денеска се заљубив во мојот тим, во начинот на кој настапуваа момците. Дури и да звучи чудно, многу се забавував“, изјави Томас Тухел по мечот.